Весна Петрушевска лауреат на МТФ „Денови на комедија 2025“

Сподели со своите пријатели

Актерката Весна Петрушевска е годинешниот лауреат на Меѓународниот театарски фестивал Денови на комедија 2025.

Loading...

Како што информираат денеска од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово, наградата „Васил Иљоски“ за особен придонес во театарската уметност, особено во комедијата, ќе ѝ биде доделена токму на Весна Бејби.

Наградата ќе биде врачена на денот на отворањето на Фестивалот „Денови на комедија“ 2025 на 24 септември во голема сала на Центар за култура Куманово.

Одлуката ја донесе фестивалот и Советот на Фестивалот во состав на: Сања Русеска, Владанка Крстевски, Сефедин Шабани, Крсто Богојевски и Александар Крстевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Попладне услови за невреме. Жолт метео аларм за кумановско!

Минатогодишен добитник на наградата беше актерот Сашко Коцев.

Никола Ивановски