Вештачка трева и урбана опрема се поставуваат на Спомен Костурница (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Продолжуваат работните активности на новиот спортско-рекреативен комплекс на локација Спомен Костурница.

 

 

– Во моментот се поставува вештачка трева во површина од 2400m2, се поставува урбана опрема и се работи на довршување на оградата на спортските терени, информираше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

 

 

На оваа локација се гради амфитеатар, а се работи и на изградба на три нови спортски терени и трим патеки.

 

 

Ќе биде поставена и опрема за вежбање и рекреирање, нова урбана опрема, осветлување и дополнително озеленување со нови садници.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply