Верувале или не, ова е единствена раса на куче кое не лае (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Познато е и како „тивко куче“ од Африка – Басенџи се смета за една од најстарите раси на кучиња, и единствената што воопшто не лае.

Loading...

Сѐ во врск асо басенџи – од фактот дека тоа е единственото куче што не лае (иако знае како да испушта звуци), преку елеганцијата и „начинот“ достоен на египетски мачки, до мистеријата за нивното потекло.

 

 

Според некои извори, се верува дека расата не е создадена со насочено преминување на некои раси, туку со природна селекција. Се верува дека ова екстремно тивко куче е потомок на волци кои живееле на територијата на Африка, но има бројни цртежи на кои се гледа куче кое изгледа многу слично на ова од периодот на антички Египет.

Овој вид на куче го откриле западњаците од 19 век во Африка, каде кучињата биле навикнати да им помагаат на луѓето во лов и да ги предупредуваат на опасноста од диви животни.

 

Loading...
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

 

Ќе процените, и во двата случаи, тие требало да бидат што е можно потивки за правилно да ја извршат својата задача, а бесенџи биле господари во тоа.

Наводно, во некои племиња, ова куче имало поголема вредност од жените, поради своите ловечки способности, снаодливоста и високата интелигенција.

 

 

Тие квалитети ги задржале дури и кога станале домашно милениче – во триесеттите години на 20 век, кога пристигнале во Европа, а оттаму во САД.

Се наоѓа на списокот на ретки видови и е исклучително ценет. Тој е познат по тоа што е крајно уреден и дека се грижи за чистотата на своето тело на сличен начин како што тоа го прават мачките.

Loading...

 

 

Исто како и сите мачки, ни тој не сака вода. Тој е прилично независен, високо интелигентен, сака да ја истражува околината, но исто така е и многу внимателен.

Тој не е агресивен кон луѓето, важи за добар чувар, но се однесува кон другите животни (и работите) како вистинско куче за лов. Потребно му е многу внимание и обука, никогаш не бил целосно скротен, па затоа не треба да живее во дворот за да не бега или да стане деструктивен.

 

 

Loading...

Повторно, овој вид е доста енергичен и жив, затоа мора да му се обезбеди доволно физичка активност. Тој има кратко крзно, а фактот што не знае да лае го прави одлично куче за живеење во стан.

 

Leave a Reply