Верувале или не, но ЦЕЛ ЖИВОТ ПОГРЕШНО ГИ ПРЖИМЕ ЈАЈЦАТА!

Сподели со своите пријатели

Пржењето на јајца е омилен основен доручек за повеќето европски кујни, а така е и кај нас. Иако за неумешните во кујната често се знае да се каже, тој/таа не знае ни јајца да спржи, факт е дека оние со гастро ген многу често не успеваат во подготовката на ова јадење за почетници. Е ние ви ја пренесуваме првата и оснвната лекција за тоа како правилно се пржи вкусно и крцкаво јајце на око.

Тајната на супер јајце е во следното: Користите маслиново масло, не корстите нелеплива тава, не го превртувате јајцето на другата страна со шпатула, кога едната се пржи, за да имате совршена цврста жолчка. Оваа техника ја смисли прочуениот новинар и гастроном Ентони Бордејн.

Рецепт:

1. Сипете во тавата маслиново масло, дотолку да целосно го прекрие дното и загрејто го на средно силен оган.

2. Додадете две јајца внимателно да има доволно простор меѓу нив, односно да не се спојат. Потресете ја тавата нежно по додавањето на секое јајце.

3. Потресувајте ја тавата повремено, употребувајќи шпатула за да го одлепите од дното, се разбира ако е потребно, додека ивиците на двете јајца не се израмнат. Тоа би требало да трае околу две минути.

4. Навалете ја тавата кон вас така да маслото биде сконцентрирано на едно место, а потоа со движења на тавата преливајте ги белките, не и жолчките, додека таа целосно не ги изгубат проѕирните делови. За тоа ви е потребно уште една минута.

5. Зачинете ги и јадете ги жешки!