Веројатно најстариот човечки фосил пронајден на европско тло

Сподели со своите пријатели

Археолози од Шпанија пронајдоа фосил за кој се претпоставува дека е најстариот човечки фосил во Европа, односно „првото лице на Европеец“, објавија странските медиуми.

Loading...

Пронајдениот фосил претставува делумни останки на личност која „многу веројатно“ припаѓа на „една од првите популации што ја колонизирале Европа“, пред 1,4 милиони години.

Во Европа најстар фосил се сметаше за коската на вилицата, чија старост се проценува на 1,2 милиони години, а остатоците беа пронајдени во 2007 година.

Интересно е што археолозите ги пронајдоа новооткриените фосили на истото место, на само два метри под почвениот слој каде што претходно беше пронајден остатокот од коската на вилицата во 2007 година.

Научниците истакнаа дека овој фосил не припаѓа на современиот човечки вид Homosapiens, но се проценува дека остатоците сведочат за изумрен вид на човечки предци.