Верешчук: Руските сили држат 400 цивили како заложници во Мариупол

Сподели со своите пријатели

Руските сили држат како заложници околу 400 цивили во украинскиот град Мариупол, изјави вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук, пренесува Анадолија.

Loading...

Во писмената изјава Верешчук наведува дека руските сили отвориле оган од градската болница што ја окупираа вчера.

 

Русија ги „опомена“ Хрватска и Словенија

 

Таа изјави дека Русите отвораат оган и им се закануваат на цивилите кои сакаат да го напуштат градот.

„Околу 400 цивили, вклучително и медицинскиот персонал, се држат како заложници во болницата“, рече таа.

 

Loading...

Украински обвинител: 103 деца се убиени од почетокот на руската инвазија

 

Според тврдењата на украинските власти, повеќе од 2.500 цивили ги загубиле животите во нападите на руската армија врз градот Мариупол.