Украина денеска објави дека нејзините напори за евакуација на цивилите од опколените градови се првенствено насочени кон Мариупол, но не објави никаков нов договор со Русија, кој би овозможил безбеден премин за нејзините заробени жители, пренесува Ројтерс.
„Фокусирани сме на евакуација од Мариупол“, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук.
Таа спомна неколку места од кои денеска украинските власти би се обиделе да евакуираат цивили со автобуси, но меѓу нив не бил Мариупол.
Украинскиот функционер не спомна нови договори со Русија за воспоставување „хуманитарни коридори“ за евакуација на цивили, наведува Ројтерс.