Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс изјави дека војната во Украина нема да заврши наскоро и дека Русија и Украина мора да се договорат како да се стави крај на конфликтот.
„Сега кога секоја страна знае кои се условите на другата страна за мир, од нив зависи да постигнат договор и да го запрат овој брутален, брутален конфликт. Тоа не води никаде. Нема да заврши наскоро“, рече Венс во интервју за „Фокс њуз“.
Во исто време, американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека наскоро мора да има напредок во врска со војната во Украина, или американскиот претседател Доналд Трамп „ќе мора да одлучи колку повеќе време ќе посвети на ова прашање“, пренесува Ројтерс.
„Мислам дека знаеме каде се наоѓа Украина и знаеме каде се наоѓа Русија во моментов… Тие се поблиску, но сепак се далеку“, рече Рубио.