Вeнс: Трамп не сака долгорочна расправија со Маск

Loading...
Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп е фрустриран од однесувањето на милијардерот Илон Маск, но не сака долгорочна кавга со него, кој беше голем донатор за време на изборната кампања, изјави потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џ.Д. Венс.

Венс им рече на новинарите дека разговарал и со Маск и со Трамп за да се осигури дека Маск го поддржува претседателот, објави Ројтерс.

Тој исто така нагласи дека тимот на Трамп е благодарен за она што Маск го направил во процесот на зголемување на ефикасноста на владата.

Маск во средата изјави дека жали за некои од неговите објави на социјалните мрежи за Трамп, велејќи дека отишол „предалеку“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Знаев дека Израел ќе го нападне Иран, но ние не учествувавме

Трамп го опиша гестот на Маск како „многу убав“, пренесува Танјуг.

Маск се повлече од функцијата шеф на Одделот за ефикасност на владата (DOGE) откако ја држеше функцијата нешто повеќе од четири месеци.

Маск одлучи да го напушти DOGE еден ден откако изјави дека е „разочаран“ од буџетскиот закон што го усвоија републиканците во Претставничкиот дом во мај и го поддржа Трамп.