Потпретседателот на САД Џ.Д. Венс рече дека европските земји си штетат себеси во услови на дебата за растечкиот јаз меѓу САД и Европа.
„Не е дека не ги почитуваме нашите сојузници. Туку тие прават многу за да се саботираат себеси“, рече Венс во интервју за Фокс њуз во вторник.
Венс инсистираше дека САД сакаат успешна Европа со „жива економија“.
„Проблемот што го имаме со Европа не е тоа што не ја сакаме Европа“, рече Венс.
Сепак, тој тврдеше дека е потребен притисок од администрацијата на претседателот Доналд Трамп за да се охрабрат сојузниците во НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана и да инвестираат во заштита на границите за да се ограничи миграцијата.
„Значи, постигнавме голем напредок, но искрено, сакаме нашите европски сојузници да се справат многу подобро“, додаде Венс.

