Венс: Децата гладуваат во Газа, Израел мора да ослободи помош

Сподели со своите пријатели

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џ.Д. Венс, јавно ја изрази својата загриженост за тешката хуманитарна ситуација во Појасот Газа, истакнувајќи дека недостатокот на храна веќе довел до смрт на бројни цивили, вклучувајќи и деца.

Loading...

„Не знам дали сте ги виделе тие слики. Ова се навистина, навистина тажни случаи. Имате мали деца кои очигледно гладуваат. Израел треба да направи повеќе за да ја ослободи хуманитарната помош“, рече Венс.

Тој нагласи дека е потребно да се овозможи испорака на храна до цивилите, но и да се продолжи борбата против Хамас.

„Мора да се осигураме дека храната ќе стигне до луѓето, но и дека Хамас ќе се извлече од Газа.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Десетици Палестинци убиени во израелските воздушни напади

Според хуманитарните организации, десетици деца и возрасни веќе починале од глад, додека „Њујорк тајмс“ објави изјави од израелски воени претставници кои признаваат дека немаат конкретни докази дека Хамас систематски злоупотребува помош – освен спорадични, анегдотски случаи.