Фотографии од бистра вода и враќањето на дивите животни во италијанскиот град ги преплавија социјалните мрежи.
Истражувачите од универзитетот Ка Фоскари во Венеција отворија страници на социјалните медиуми под името „Чиста Венеција“ (Venezia Pulita) каде што собираат запзувања на граѓаните за научни истражувања кои би можеле да му помогнат на системот за одржливост на лагуната.
Објавата испратена до посетителите на страниците ги повикува сограѓаните да објавуваат фотографии и видеа за да ги документираат позитивите на карантинот за заштита на Венеција.
„Доколку имате фотографии, видеа со чиста вода, намален сообраќај, слаба плима деновиве, или ако видите фауна што не ја гледате нормално, испратете ги со хаштагот #venezia“, се вели во соопштението.