Велосипедистите на Вело-М со врвни резултати од меѓународна трка во Бугарија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Новото дуо на Велосипедскиот клуб Вело-М Термалифт од Куманово, Никола Лефков и Андреј Петровски освои врвни резултати на Меѓународната трка во Долчини Куп, Бугарија која се одржа изминатиот викенд.

Петровски се круниса со второ место во кружната трка, додека Лефков брилираше на високата 4. позиција на друмската трка.

 

Loading...

 

За македонскиот репрезентативец Андреј Петровски кој ја претсавуваше Македонија на светските првенство во 2015, 2016 и 2017 ова беше тест трка и подготовка за Државното првенство на Македонија кое ќе одржи во Куманово на 24. јуни.

 

 

Следната трка која следува за велосипедистите на Вело-М Термалифт е Трофеј Кучи кој од 1. до 3. јуни ќе се одржи во Црна Гора, од каде исто така очекуваат одлични резултати.

Leave a Reply