Двајца малолетни велосипедисти од Исланд биле повредени вчера откако во нив удрил „пасат“ на патот Куманово – Свети Николе.
– На 23.07.2025 во 12.09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на с.Зубовце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(42) од Куманово, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд, кои се учесници на младинските европски олимписки игри кои се одржуваат во нашата земја и кое се подготвувале за денешната велосипедска трка, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата велосипедисти, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.
Никола Ивановски