Велосипедист со пеење ги помери пешаците: Реакцијата на луѓето е неверојатна (видео)

Сподели со своите пријатели

Велосипедист од Њујорк се послужил со најубавиот трик, па преку мостот „Бруклин“ на Менхетен, со пеење си направил премин на велосипедската патека.

Наместо да ѕвони, вика или пцуе, овој велосипедист покажа најдобар начин како љубезно да ги поместите пешаците од велосипедската патека. И не само што не се налутија, туку сите му се насмевнаа.

Можеби во корист му оди фактото што убаво пее, но со едноставна реченица која човекот ја испеа „Не одете по велосипедската патека и можете ли да се померите ве молам“ направи без стрес многу бргу да премине преку мостот, за кој ви е потребно пешачење од половина час, а скоро исто толку и со велосипед, затоа што туристи и пешаци на овој мост има и премногу, па поради метежот, често правилата не се почитуваат.

Во секој случај со пеење и убави зборови често добиваме многу повеќе за разлика кога сме нервозни, само е потребно да се потсетиме себеси од врме на време.

Loading...