Велосипедист се здобил со тешки повреди по сообраќајка на улицата „11 Ноември“

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 16,30 часот во Куманово на ул.„11-ти Ноември“ пред влезот на „Тетовскиот Универзитет“, се случила сообраќајна незгода во која З.А.(1992) од селото Слупчане, Општина Липково, управувајќи патничко моторно возило марка „БМВ“ удрил во велосипедистот на возраст од пет години од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, кој по укажаната лекарска помош во Општа болница-Куманово бил префрлен во Ургентен центар – Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово.