Велосипедист се здобил со тешки повреди откако во него удрил џип

Сподели со своите пријатели

Шеесет и петгодишен кумановец со иницијали Ш.Р. со тешки телесни повреди заврши на скопскиот Ургентен центар, откако околу 20:45 минути вчера дошло до сообраќајна незгода на крстосницата од улиците „Самоил“ и „Братство и единство“.

Имено до сообраќајната несреќа дошло откако патничко моторно возило марка „Џип Чироки“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К. (34) од Куманово удрило во велосипед „Херкулес“ управуван од Ш.Р. (65) од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ш.Р., кој по укажаната лекарска помош во Општа болница – Куманово бил препратен во Ургентен центар – Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи – Куманово.