Сообраќајна несреќа се случи вчеравечер на крстосницата на улиците „Доне Божинов“, „Тодор Велков“ и „Ленинова“ во која учествувале велосипедист и автомобил, информираат од СВР Куманово.
Несреќата се случила во 20:50 минути кога Т.М. роден 1987 година управувајќи ПМВ Голф кој возел од центарот на градот кон периферијата движејќи се по улицата „Ленинова“, при обид да сврти лево на улицата „Доне Божинов“ налетал на велосипедистот Т.Н. роден 1974 година кој се движел од периферијата кон центарот на градот по улицата „Доне Божинов“.
Велосипедистот со возило на Интната медицинска помош бил транспортиран во кумановската Општа болница, каде на хирушкото одделение му се констатирани телесни повреди. Откако лекарите му укажале лекарска помош истиот е пуштен на домашно лекуавње.