Велосипедистите на „Вело-М Термалифт“, вчерашниот ден го одбележија со остварување врвни резултати на велосипедската трка „Трофеј Кале“ која се оддржа во град Скопје.
Младата надеж на Вело-М Термалифт Андреј Стојановски убедливо ги победи своите конкуренти во кадетска конкуренција, додека Зоран Ристовски очекувано ги победи своите конкуренти во Мастерс категорија.
На трката присуствуваше и бугарска екипа Драг Софија што придонесе за уште поголема возбуда и конкурентност.
Во сениорска конкуренција првото место го зема Денис Добрев од Бугарија додека нашиот велосипедист Кирил Марковски успеа да се избори за 3то место.
– Иако најдобриот велосипедист на „Вело-М Термалифт“ Никола Лефков е повреден, ние уште еднаш докажавме дека имаме квалитетни возачи и повторно доминиравме на самата трка. Ова е и предпоследна трка за Ранг Листа каде што „Вело-М Термалифт“ го држи првото место и очекуваме така и да остане до крајот на годината – Марјан Петровски