Велики четврток: Ден кога црвени јајца се вапцаат пред изгрејсонце

Сподели со своите пријатели

Велики четврток е ден кога се прави спомен на светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Христос.

 

 

На овој ден рано наутро пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски јајца. Најпрво каснуваат малку леб, се вртат кон исток, се прекрстуваат и ги бојат првите три црвени јајца.

Првото јајце, божјаче, откако ќе се бојадиса се остава да го „фатат“ првите зраци од сонцето, а потоа се будат децата и со него на лицето им се прави „Црвено-бело“.

Божјарчето се чува цела година, до наредниот Велики четврток, и само ова јајце не скапува!

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЗНАМ: СДСМ директно ја кочи реформската агенда преку опструкција на законот за ЈО