Британската влада воведе нов пакет санкции против Москва, кој вклучува забрана за извоз на луксузни стоки во Русија и воведување царини за руски стоки во вредност од над милијарда долари.
Обединетото Кралство, исто така, ќе го забрани пристапот на Русија и Белорусија до тарифите за „омилена нација“ на Светската трговска организација (СТО) за стотици нивни извозни производи, лишувајќи ги земјите од клучните придобивки од членството во СТО.
Зеленски: Путин ќе ги таргетира другите европски земји, сите сте цел
Ќе се воведат и дополнителни царини од 35 отсто за руската стока, вклучувајќи вотка, челик, уметност и крзно.
„Со новите царини, дополнително ќе ја изолираме руската економија од глобалната трговија, со што ќе обезбедиме гаранции дека нема да има придобивки од меѓународниот систем врз основа на правила, кои тој не ги почитува“, рече во изјавата британскиот министер за финансии Риши Суник.