Обединетото Кралство го воведе најновиот пакет санкции против Русија поради нејзините воени активности во Украина, а тие се насочени кон финансиската мрежа на рускиот претседател Владимир Путин, неговата поранешна сопруга и роднините.
„Откриваме и се фокусираме на сомнителна мрежа која го поддржува луксузниот начин на живот на Путин и ја зголемува злобноста во неговиот внатрешен круг“, рече британската министерка за надворешни работи Лиз Трас, пренесува Танјуг.
Валерија се венчала во Азовстал, три дена подоцна останала вдовица (ФОТО)
Трас додаде дека Британија „ќе продолжи да воведува санкции за сите оние кои помагаат и ја поддржуваат агресијата на Путин додека Украина не победи“.
Велика Британија, во договор со своите западни сојузници, воведе санкции против стотици богати руски поединци, како и стратешки важни индустриски и финансиски компании.
Валерија се венчала во Азовстал, три дена подоцна останала вдовица (ФОТО)
Меѓу 12-те нови имиња додадени на британската листа со санкции е и името на поранешната сопруга на Путин, Људмила Очеретнаја и неколку негови роднини кои се на извршни позиции во големите руски компании како Гаспром. Имотот им бил замрзнат, но и забрана за патување.