Велика Британија домаќин на самит за Западен Балкан во октомври

Сподели со своите пријатели

Велика Британија ќе биде домаќин на меѓународен состанок на високо ниво за регионот на Западен Балкан што ќе се одржи во октомври, објави денес британската влада.

Loading...

„Од 8 октомври, министерот за надворешни работи Дејвид Лами ќе пречека повеќе од 15 европски министри во Белфаст за да одржат разговори за промоција на мирот, стабилноста и соработката во Западен Балкан, зајакнување на колективната безбедност на Европа“, се вели во соопштението на британското Министерство за надворешни работи, пренесува Ројтерс.

Се наведува дека темата на состанокот ќе биде борбата против организираниот криминал и бандите за шверц на луѓе во тој регион.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американците нудат 50 милиони долари за информации за апсење на Мадуро