Ристо Манчев претставник од РСБСП, денеска во Секторот за внатрешни работи оствари работна средба со началникот Стојанче Величковиќ при што беше разговарано за превентивните мерки за зголемување на безбедноста во сообраќајот како и заедничката соработка и придонес за поголема безбедност, како со РСБСП така и со ОСБСП на подрачјето на СВР Куманово.
– Во знак на благодарност за досегашната соработка и посебно залагање на СВР Куманово во делот за безбедност во сообраќајот беа доделени плакети за успешна соработка за безбедност во сообраќајот на патиштата на началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ и началник на Отсек за превенција Виолета Богдановска, информираат од полицијата.
Во СВР Куманово, Отсек за превенција во тек се активности под кампања „Паркирај совесно“ и „Безбедно патување во зима“, а од наредната недела ќе започне кампањата „ Безбедно за новогодишните и божиќните празници“.
Никола Ивановски