Со еден златен и сребрен медал се вратија членовите на ММА клуб Куманово 2006 од турнирот BUFC2 кој викендов се одрќа во Бујановац, Србија.
Милош Велевски со прекин успеа да го совлада Јован Илиќ од Лесковац, додека Александар Стоиљковиќ загуби од Дино Ангеловски од Прилеп во изедначена борба пред крајот на мечот.
Тренерот Сашо Илиевски е задоволен од постигнатите резултати и во иднина, како што вели, очекува уште подобри успеси.
– Со победа и пораз ја започнавме годината, се надевам дека ќе биде успешна и достојно ќе го претставуваме градот и клубот во државата и надвор од неа, изјави Илиевски.
Кумановските ММА борци со медалите се закитија во конкуренција на противници од Германија, Србија и Македонија, а вкупно беа одрќани 17 борби.