Веќе четири дена откако се активираше свлечиштето на патниот правец Куманово – Крива Паланка кај месноста виката Усек во селото Страцин, каде континуирано има свлечиште од кал и земја кое зафаќа една коловозна лента, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места наместа со остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на граничниот премин Деве Баир и планинскиот превој Ѓавато, а со послаб интензитет на планинските превои Стража, Буково и во Маврово.
Забрани, одрони и свлечишта има скоро на секој агол на патиштата во Македонија, па затоа од АМСМ се апелира на внимателно возење.
ЗАБРАНИ ЗА СООБРАЌАЈ:
Поради интензивни врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.