Веганка открила дека момчето ја изневерува благодарение на апликација за испорака на храна

Сподели со своите пријатели

Бразилската инфлуенсерка Сабрина Лоу, чие вистинско име е Сабрина Лоренсо, има речиси 90.000 следбеници на Инстаграм, а неодамна сподели како дознала дека нејзиното момче ја изневерува – благодарение на апликацијата за испорака на храна, пишува New York Post.

Loading...

Сабрина рекла дека таа и нејзиното момче се вегани, а сфатила дека ја изневерува кога ја отворила апликацијата за испорака на храна на неговиот мобилен телефон и во историјата на нарачките видела дека нарачал пица со салама.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Portal SCC10 (@portalscc10)

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што е пејџер и како работи? Експлозии потсетуваат на заборавен уред!

„Знаев дека не е за него“

„Не можев да верувам во тоа што го гледам. Секогаш зборувавме за важноста на веганството и тоа беше голем дел од нашите вредности. Токму затоа се заљубив во него. Кога ја видов нарачката пица со зачинета салама, како да ми удри шлаканица во лице, знаев дека тоа не е за него“, рекла таа и додала дека бившиот првично тврдел дека пицата е за некој друг, но подоцна признал се.

„Тогаш сфатив дека нашата врска е уништена и дека во тој момент апликацијата ми беше сојузник да ставам крај на оваа лага. Се почувствував изневерена“, признала таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  YouTube објави голема вест за Shorts: Креаторите ќе можат да создаваат записи со ВИ