Вечерва започнува „Рома труба фест“

Сподели со своите пријатели

Кумановци вечер и утре ќе имаат можност да уживаат во звуците на трубата на 14-тиот „Рома Труба Фест“ што ќе се одржи на градскиот плоштад. Организатор на традиционалната манифестација е Ансамблот за народни ромски песни и игри „Рушит Шакир“, а фестивалот се одржува со поддршка на Општина Куманово и Министерството за култура. На двете фестивалски вечери ќе настапат 15 оркестри од Србија, Франција, Белгија, Кипар и од македонската сцена.

Loading...

-Очекуваме дека ќе имаме повеќе публика. Се надеваме дека идната година, бидејќи е јубилеј, фестивалот ќе прерасне во мала „Гуча“, изјави уметничкиот директор на фестивалот, Самет Салиевски.

На првата фестивалска вечер ќе настапат: Уска Кан Кантуров од Берово, Кеми Асанов од Струмица, Ферус Мустафов од Скопје, Бојан Ристиќ од Србија, и оркестри од Франција и Кипар, а специјален гостин е Роберт Ферчо и Бед Бојс. На втората фестивалска вечер која ќе се одржи в петок, ќе настапат Џамбо Агушев, Рос бенд Алимов, Среќко Ибраимовиќ, Синиша Станковиќ, Млади браќа Кадриеви од Белгија, како и оркестри од Франција и Кипар, а специјален гостин е Љубојна.

Leave a Reply