На градскиот плоштад во Куманвоо вечерва ќе биде отворена првата фестивалчска вечер од 16то издание на Тамбурашкиот фестивал.
За разлика од претходните години, кога овој фестивал имаше меѓународен карактер, годинава поради кризата со коронавирусот и затворените граници, на сцената ќе настапат само домашни изведувачи.
Со почеток во 20 часот ќе настапат Табиет, Боеми и Синтезис, додека на втората вечер, која ќе се одржи утре ќе се претстават групата „На здравје“ и „Љубојна“.
Организатор на настанто се Фондацијата за култура и спорт, а со финансиска поддршка на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, како и Министерството за култура.
Настанот ќе се одржи под сите протоколи за заштита од ширење на коронавирусот.
Никола Ивановски