Вечерва годишен концерт на ДМФА „СРМА“ во Центарот за култура

Сподели со своите пријатели

Детско-младинскиот фоклорен ансамбл „СРМА“ вечерва со со почеток во 20 часот во големата сала на НУЦК „Трајко Прокопиев“ го организира својот годишен концерт.

Loading...

Тоа е матично фолклорно друштво при кумановскиот културен центар, кој вечерва за кумановци ќе организира целочасовно дружење.

– Очекуваме да дојдат и гости од локалното фолклорно друштво од Бујановац, Република Србија, така да ги повикувам сите заинтересирани да дојдат во 20 часот, рече директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски.

Влезот е бесплатен.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепан од својот брат во Кучкарево