„Вечер на гладијатори“ – ММА турнир за прв пат во Куманово (фото)

Сподели со своите пријатели

„Вечер на гладијатори“ е насловен Меѓународниот ММА турнир кој во сабота ќе се организира во Куманово по повод 11 Ноември, денот на ослободување на градот.

Граѓаните на Куманово ќе имаат можност да проследат неколку борби помеѓу спортисти од Македонија и Србија. Настанот е под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово и неколку приватни субјекти кои се постојани поддржувачи на клубот.

Во изминатиот период имавме малку мака во поглед на обезбедување на борци, бидејќи се работи за краток временски период, меѓутоа и за тоа кратко време успеавме и покрај сите што ги имавме некои недоразбирања да нарпавиме квалитетни борби. Значи околу 6-7 борби се предвидени, ќе има значи во тешка категорија јас ќе се натпреварувам со противник од Србија, Милан Накиќ, доста искусен борец, така да се надевам на успех. Исто така од нашиот клуб уште ќе се наптреваруваат Стефан Спасовски и Филип Наковски, во средна и лесна категорија – Сашо Илиевски, тренер на ММА Клуб Куманово.

mma-2

Loading...

 

Борците на Илиевски неуморно тренираат овие денови со цел штоо подобро да се прикажат пред својата публика, која за прв пат ќе има можнсот да ужива во турнир од ваков тип.

Како што гледате за разлика од претходните тренинзи каде што тренинзите беа со послаб интензитет, ова е веќе натпреварувачки карактер, се навлегуав во некоја завршна фаза уште денеска и утре, па последните два дена со послаб интензитет за да не дојде до повреди за да може поспремни да го дочекаме турнирот – изјави Сашо Илиевски, тренер на ММА Клуб Куманово.

mma-5

 

Стефан Спасовски и Филип Наковски велат дека ќе настапат во две различни категории со надеж за што подобар успех пред кумановци.

Пред две недели имав една борба во Велес, во која нажалост изгубив во втората рунда со гушење. Тренирам повеќе од 10 години и ова е моја животна желба да се борам во мојот град и после толку години една недела пред натпреварот ја прифатив борбата, противникот е од Прилеп, не знам многу за него и не ме интересира, тука сум да се покажам во најдобро светло, да го претставам својот град, својот клуб. Се натпреварувам во категорија до 70 килограми – изјави Стефан Спасовски – ММА Клуб Куманово.

Јас ќе се натпреварувам во категорија -84 килограми. Против Стефан Пецевски тој е искусен борец, целосно сите се искусни борци што ќе се натпреваруваат тука, тој е од „Стронгест“ – Скопје и мислам дека ќе биде добра борба, се надевам на успех пред своја публика, иако ова ми е дерби во боречки вештини во ММА, се надевам дека ќе победам пред наша публика. Одлично течат подготовките, задоволен сум како поминаа без потешки повреди и мислам дека добро ќе се прикажеме како цел тим, не само како единка. Кик бокс тренирам повеќе време, со паузи околу седум години, но сега во последно време тренирам и ММА и сакам да се пробам плус во Куманово се организира турнир и не можам да одолеам иако сум по приоритет кик боксер – изјави Филип Наковски, ММА Клуб Куманово.

mma-4

 

Гости од Србија ќе бидат Бојан Накиќ, Милан Накиќ и Милош Николиќ додека од македопнските натпреварувачи, освен претставниците од Куманово, дел од турнирот ќе бидат и Пепи Велков од Струмица и Стефан Пецевски од Скопје.

Ќе го дадеме максимумот, можеби нес ме во топ форма, меѓутоа ќе дадеме се од себе да покажеме добар успех, да ги задоволиме вкусовите на љубителите на спортот на сите кои ќе дојдат во Спортската сала во Куманово. Инаку уште еднаш да ја искористам приликата да се заблагодарам пред се на градоначалникот и на Советот на Општина Куманово, на правните субјекти: Еврос, Катинг Скопје, Мултимедиа, Делукс, кафе Батиста, кафе Револушн што помогнаа да ја реализираме оваа манифестација и за ова незаборавно доживување што ќе го доживеат љубителите на спортот во сабота – изјави Сашо Илиевски, тренер во ММА Клуб Куманово.

Натпреварите започнуваат во сабота во 19 часот во Спортската сала во Куманово, а влезот за сите заинтересирани ќе биде бесплатен.