Вдовицата на Навални се огласи за ужасниот напад во Москва

Сподели со своите пријатели

Јулија Навалнаја на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер, се огласи за нападот што се случи синоќа во Москва.

Loading...

Таа изрази длабока тага за жртвите и изрази сочувство.

„Каков кошмар во Крокус. Моето сочувство до семејствата на жртвите. Сите вклучени во ова злосторство мора да бидат пронајдени и повикани на одговорност за нападот“, напиша таа во објавата.

Покрај Јулија, нападот го коментираа и Белата куќа, Кремљ и ЕУ.

Министерството за здравство го објави првиот список на лица, на кој има 37 жртви кои загинаа во терористичкиот напад во Москва.

Директорот на ФСБ Александар Бортников информираше дека се приведени 11 лица, меѓу кои и четворица терористи кои директно биле вклучени во терористичкиот напад во Москва.

Напаѓачите буквално отвориле оган врз присутните цивили од вратата, а потоа фрлиле бомба или запалив материјал кој предизвикал голем пожар.

На местото на настанот излегле припадници на итната помош, како и голем број специјалци кои влетале во зградата.

Loading...

Неколку часа подоцна беше објавено дека зградата е безбедна и дека пожарот е локализиран. Потоа започна евакуацијата на ранетите и загинатите, а ИСИС објави дека нејзините членови успеале да побегнат по нападот.

Пораки со сочувство и осуда за нападот пристигнаа од целиот свет, од САД до Белорусија.