Вчерашното невреме поплави куќи низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Вчерашното невреме повторно предизвика хаос низ Куманово при што се поплавени неколку куќи, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

До нив стигнале повеќе пријави, а на терен интервенирале екипи на Територијалната противпожарна екипа Куманово за испумпување на вода.

Така пожарникарите интервенирале на испумпување вода од подрумски простории на четири куќи на улицата „Никола Вапцаров“, куќи во населбите Карпош и Перо Чичо, но и подрумски дел на зграда на улицата „11 Октомври“.

Во интервенциите учествувале десетмина пожарникари.

До доцна во ноќта интервенираа и од Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ на расчистување на наноси од коловозните површини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Опаѓа водостојот на Пчиња

– Поради големата количина на наноси, сообраќајот на некои места беѓее отежнат, но екипите работеа на брзо враќање на нормалното функционирање на сообраќајот, информираа оттаму.

 

 

Општина Куманово вчера ги повика граѓаните сите штети од невремето да ги пријават навремено.

– Се известуваат граѓаните на територија на општина Куманово дека поради обилните врнежи од дожд и невреме, сите граѓани кои имаат претрпено штети, треба да го известат Општинскиот штаб за заштита и спасување со поднесување на Барање за каков вид на штета се работи, информираат од локалната самоуправа.

Граѓаните кои претрпеле штети известувањата и барањата може да ги поднесат преку архива на Општината, или да се информираат на телефонскиот број за контакт 075/273-192.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пешак тешко повреден откако во него удрил „голф“ во населбата Перо Чичо

Невреме, но со послаб интензитет се очекува Куманово да го зафати и денеска во попладневните часови.

Никола Ивановски