Вчера за шест часа над 100 казни за брзо возење во Куманово

Сподели со своите пријатели

За само шест часа вчера полицијата во Куманово напишала вкупно 101 казна поради управување возило со брзина над дозволеното.

– На територија на СВР  Куманово  спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 121 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Најголем дел од казните, или вкупно 101 биле напишани во Куманово, 11 во Крива Паланка и 9 во Кратово.

Засилените акциски контроли, како што додаваат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението на СВР Куманово.

Никола Ивановски