Вчера во Куманово казнети 57 лица за брзо возење

Сподели со своите пријатели

Вкупно 57 казни за возење со брзина над дозволената вчера напишала полицијата на подрачјето на Куманово.

Loading...

– На територија на СВР  Куманово  спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 81 возачи, информираат од кумановската полиција.

Од изречените казни најголем дел биле на подрачјето на Куманово, односно 57, додека 14 во Крива Паланка и 10 во Кратово.

Засилените акциски контроли, како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски