Пожарот кој околу Илинден беснееше во атарот на селото Кокино, вчера околу 14 часот повторно се разгорел, но брзата реакција на пожарникарите не дозволила тој да се прошири.
– Територијалната противпожарна единица од општината Старо Нагоричане имале една интервенција на мал пожар остаток од запалено дрво и проширување во Кокино од претходните пожари, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
На терен веднаш излегле две возила со деветмина пожарникари од Старо Нагоричане, како и тројца пожарникари од ТППЕ Куманово.
Пожарот бил ликвидиран околу 18 часот.
Во овој момент нема активни пожари.
Инаку вчера беше изгаснат последниот активен пожар на територијата на Куманово на потегот во селата Бељаковце и Довезенце. Во акцијата учествуваа седум пожарникари со две противпожарни возила и 30 припадници на АРМ.
Две екипи на ТППЕ Куманово со шестмина пожарникари цел ден дежурале во атарот на селото Довезенце за да бидат сигурни дека огнот нема повторно да се разгори. Од терен заминале дури во 22:45 часот.
Кумановските пожарникари имале две помали интервенции на запалена сува трева во атарот на Долно Којнаре и липковско Слупчане.
Никола Ивановски

