Вчера две интервенции на кумановските пожарникари

Сподели со своите пријатели

Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Куманово вчера имале две интервенции.

И двете, како што информираат утринава, од Регионалниот центар за управување со кризи, биле на запалена сува трева.

Првата интервенција била во населбата Перо Чичо каде во период од 12:35 до 14:10 часот интервенирале четворица пожарникари со едно противпожарно возило на запалена сува трева.

Сува трева горела и на улицата „Индустриска“, каде во период од 16:25 часот до 17:00 часот интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Никола Ивановски