Шест интервенции во текот на вчерашниот ден имале кумановските пожарникари, а три имале нивните колеги во Старо Нагоричане.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, пожар избувнал во м.в. Индустриска зона, каде гореле сува трева, отпад и смет. Во период од 14:30 до 16:20 часот на терен интервенирале седум пожарникари со три противпожарни возила.
Во липковско Оризаре горела сува трева. Интервенирале двајца пожарникари во период од 15:55 до 20:00 часот.
Сува трева горела и во селото Речица, каде во период од 18:20 до 19:40 часот интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.
Во близина на ресторан „Арукс“ исто така горела сува трева. тројца пожарникари гаснеле во период од 18:45 до 19:10 часот.
Повторно пожарникарите интервенирале во липковско Оризаре, каде горела сува трева. Интервенирале двајца пожарникари од 20:30 до 23:25 часот.
Во Општина Старо Нагоричане пожарникарите првин имале мала интервенција во близина на противпожарната единица, каде горел смет. Двајца пожарникари интервенирале од 15:00 до 15:30 часот.
Во атарот на селото Челопек пожар зафатил сува трева и грмушки на површина од околу еден хектар. Интервенирале тројца пожарникари и двајца полицајци во период од 03:35 до 04:40 часот утринава. Според информацијата која ја доставиле пожарникари до РЦУК, тие се сомневаат дека пожарот е подметнат.
Сува трева и грмушки гореле и во селото Драгоманце. И таму интервенирале тројца пожарникари со две возила во период од 04:40 до 05:45 часот утринава. И за овој пожар се сомневаат дека бил подметнат.
Никола Ивановски