Вчера 110 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Сподели со своите пријатели

Денеска (10.07.2022) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 110 возачи.

Loading...

Од нив, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и се заканувал на полицајци во СВР Куманово