Ова е предупредување за оние кои планираат да одат во Грција на одмор од 14 до 20 август.
Loading...
Познато е дека на 15 август во Грција се прославува големиот православен празник Успение на Пресвета Бородица, а тој ден е неработен.
Меѓу 14 и 18ти август, на патиштата, плажите и летовалиштата ширум Грција се очекуваат поголеми метежи од вообичаеното, со оглед дека голем број Грци овој празник ќе го минат во летувалиштата.
Препораката е да не тргнувате за Грција минимум до 20 август ако немате резервирано сместување, а особено ако доаѓате со мали деца.