Сикстинската капела во Ватикан денес беше затворена, а кардиналите се собраа за да изберат нов папа.
Папата Франциск беше погребан во саботата во базиликата „Света Марија Велика“, а стотици илјади луѓе, како и значителен број светски лидери се собраа на плоштадот „Свети Петар“ во Рим.
Сикстинската капела моментално се подготвува за конклавата, советот на кардинали кои ќе изберат нов папа по деветдневната жалост, која ќе започне помеѓу 5 и 10 мај.
Туристите кои успеаја да влезат во Систинската капела во неделата се сметаат за среќници, со оглед на тоа што не е познато колку долго ќе трае конклавата.
„Мислам дека имавме голема среќа што бевме последната група посетители што дојдоа денес. Знаете, нашето патување не би било комплетно ако не го видевме ова прекрасно место“, рече еден турист.