Ватикан апелира САД да му дадат излез на Мадуро и да му биде дозволено да бара азил во Русија

Сподели со своите пријатели

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, ѝ соопшти на американската администрација дека Русија е подготвена да му понуди азил на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро, апелирајќи до американскиот претседател Доналд Трамп да не брза со спроведување операција против Венецуела за да избегне дестабилизација на земјата и крвопролевање во таа земја.

Како што пишува „Вашингтон пост“ (WP), кардиналот, кој е втор по ранг во Ватикан, на крајот на декември бил во контакт со американскиот амбасадор во Ватикан, Брајан Берч, за да биде информиран за плановите на САД кон Венецуела и да се обиде да утврди дали Американците имаат за цел да ја сменат владата во таа земја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина со дрон запали руски магацин за нафта

Паролин му рекол на Берч дека Русија е подготвена да му понуди азил на Мадуро и ги замолил Американците за трпение во убедувањето на венецуелскиот претседател да ја прифати понудата и „да му даде излез“.

Според извори, на Мадуро му било понудено да замине и да го задржи своето богатство, со безбедносни гаранции обезбедени од рускиот претседател Владимир Путин.

Паролин наводно прашал дали САД ќе ги таргетираат само трговците со дрога или администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп навистина се стреми да ја промени владата.

Кардиналот признал дека Мадуро „мора да си оди“, но апелирал да му „понуди излез“.

Документите покажуваат дека кардиналот на Ватикан со денови се обидува да стапи во контакт со американскиот државен секретар Марко Рубио, сакајќи да спречи крвопролевање и дестабилизација во Венецуела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет американски држави поднесоа тужба против администрацијата на Трамп

Кардиналот апелирал на трпение, претпазливост и воздржаност, изразувајќи збунетост околу „недостатокот на јасна цел на американската политика во Венецуела“.