Вашиот телефон сам ќе повика полиција, доколку вие сте имале сообраќајна несреќа

Сподели со своите пријатели

Дали сте слушнале за Е-Повик (e-Call)?

Loading...

Систем вграден во автомобили кој треба да пријави во итните служби дека нешто чудно им се случило на автомобилите, следејќи ги нивните параметри, но има едно многу поедноставно решение, кое едноставно мора да го запомните.

 

 

Според документите до кои дојде The Wall Street Journal, Епл треба да воведе технологија за откривање судир на своите паметни телефони следната година.

Сè што прави Е-повик (e-Call) ќе го прават уредите на Apple, со помош на сензори ќе ги следи наглите забрзувања или забавувања, а во случај возачот да не реагира, ќе ги извести службите за итни случаи за местото на можна несреќа.

 

Loading...

 

Епл досега, наводно, открил повеќе од 10 милиони сомнителни судири на возила, вклучително и повеќе од 50.000, проследени со повик од полиција или возачи кои повикале брза помош.

Експертите стравуваат дека автоматизацијата на услугите за итни случаи на Епл може да биде преоптоварена со повици по кои интервенциите не се нужно неопходни.