Ако имате десетици уреди во вашиот дом – од видот на паметни телевизори, безжични принтери и говорни асистенти – може да ризикувате илјадници напади за една недела.
Една нова студија откри огромен ризик што го имаат љубителите на технологијата кои ги исполнуваат своите домови со паметни уреди. Просечен дом во светот има повеќе од 10 различни поврзани уреди, што вклучува паметни телевизори, термостати поврзани преку Wi-Fi, паметни звучници како Amazon Echo, сијалици со гласовна контрола и многу повеќе.
Но, иако овие генијални уреди помагаат во автоматизирање на нашите домови и ни го олеснуваат животот, тие исто така можат да претставуваат ризик за безбедноста, покажа новата студија.
Според „Скај њуз“, студија за потенцијалните ризици од современите домови во Велика Британија, каде што домот бил реновиран со паметни уреди поврзани на Интернет, вклучително „Смарт ТВ“, безжични безбедносни камери и принтери поврзани со W-Fi, открило дека биле бомбардирани со 1.017 скенирања или обиди за хакирање од целиот свет само во првата недела.
Уште полошо, бројот на скенирање се зголемувало, се повеќе луѓе се обидувале да утврдат нешто од лажната куќа и дали има шанси да се пробијат во уредите. Во најпрометната недела, бројот се искачил на 12.807 скенирања или обиди за хакерство.
За среќа, безбедносните заштити што ги придружувало уредите успеајале да ги блокираат повеќето од овие обиди. Областите од кои доаѓале заканите биле Америка, Русија, Индија, Кина и Холандија. Најчеста закана била обидот да се најдат незаштитени уреди и потоа да се користат нивните лозинки за пристап.