Вашингтон пост: Со тврдењето дека изборите се фалсификувани Трамп работи за Кремљ

Сподели со своите пријатели

Русија не успеа да презеде сериозни хакерски или дезинформациски активности за да се вмеша во претседателските избори на САД во 2020 година, а хакерите на Кремљ воопшто не се обиделе да ги нападнат изборните системи на начин како во 2016 година, истакнува Вашингтон пост во денешната анализа.

Loading...

Се заклучува дека целта на Москва била веќе исполнета, во очите на меѓународната заедница, демократијата во САД е делегитимизирана.

Русија овојпат не се вмешала во изборите бидејќи Кибер командата на САД презела превентивни мерки против руските хакери кои би можеле да извршат упад во изборите. Извори за весникот укажуваат дека во низа операции, американската војска ги нападнала нивните системи и тие напади „се извршуваа во случајни интерали за да се нокаутираат Русите“.

Се вршела и саботажа на руските хакерски алатки, како неодамнешното изложување на моќен вирус кодиран од руски воени шпиони што би можел да биде употребен против изборите, “но со неговото обелоденување операторите насекаде можеа да се одбранат од него“.

Покрај техничките мерки, Москва овојпат се воздржала од напади и поради политички причини, се вели во анализата.

-Кремљ  калкулираше со оглед на отровната политичка клима во САД. Москва не сакаше да ризикува нови санкции по интервенцијата во 2016 година.

Се додава дека причината можеби е поради тоа што посакуваната цел од пред четири години е постигната  – намалена доверба на меѓународната заедница во американската демократија. Соодветно, одлуката била да не се ангажираат такви ресурси и напори повторно.

Во анализата се вели дека семето на раздорот и лажните информации за делегитимизација на изборите веќе било посеано со постојаните тврдења на претседателот Доналд Трамп за наводното општо фалсификување на гласачките ливчиња.

Loading...

-Со ова, тој всушност ја врши работата на Кремљ, пишува весникот.

Борис Камчев, САД

Leave a Reply