Вашингтон пост: Бајден треба да го признае успехот на Трамп за реализацијата на брза и безбедна вакцина

Сподели со своите пријатели
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп преговара со „Фајзер“ за испорака на дополнителни десетици милиони вакцини против Ковид-19 во втората половина на 2021 година, јави денеска Њујорк тајмс.  

Loading...

Вашингтон пост, пак, наведува дека новоизбраниот претседател Џо Бајден треба да го пофали Трамп за операцијата „Ворп спид“ и за успешниот старт на вакцинацијата во САД.

Набавката на десетици милиони дополнителни дози би било делумно исправање на ситуацијата со предвидениот недостиг на вакцини, бидејќи администрацијата летово со „Фајзер“ не успеала да договори доволен број. 

Американскиот фармацевтски гигант ја создаде вакцината заедно со германскиот партнер „БиоНТек“, и договори со Владата на САД 100 милиони дози што веќе се испорачуваат. Толку вакцини се потребни за имунизација на 50 милиони луѓе, бидејќи вакцината се дава во две дози, втората се прима три недели по првото вакцинирање. 

Малата биотехнолошка компанија „Модерна“, лоцирана во Масачусетс, е втората компанија која разви вакцина против Ковид-19, и лекот е веќе на пат да пристигне. Администрацијата за храна и лекови (ФДА) неделава треба даде итно одобрување и на оваа вакцнина. Модерна е подговена да испорача вакцини за 150 милиони луѓе до крајот на јуни 2021 година, или за речиси половина од вкупното население на САД.  

Во меѓувреме, ФДА синоќа одобри брз тест за коронавирус што ќе може да се купи во аптеките низ САД без рецепт. Тестот се прави во домашни услови и покажува резултати веднаш. 

По повод успешниот старт на вакцинацијата во САД, весникот Вашингтон пост денеска осамна со наслов: во неговиот обид да ја обедини нацијата во време на криза, новоизбраниот претседател Џо Бајден, треба да признае дека Трамп направил голем успех со операцијата „Ворп спид“, план за брза реализиација на ефективна и безбедна вакцина против коронавирус. 

Борис Камчев, САД

Loading...

Leave a Reply