САД испратија официјално барање до грчката влада за распоредување на авиони „Ф-35“ и „Ф-15“ на Крит, јави турската телевизија „Улусал Канал“.
Во извештајот се наведува дека Атина го добила тоа барање и подготвува одговор.
Доколку барањето биде одобрено, американската авијација ќе биде распоредена во базата Соуда, каде веќе има неколку воени инсталации на грчките вооружени сили, како и главното упориште на НАТО во регионот.
Фон дер Лајен: Русија е најдиректната закана за меѓународниот светски поредок
Во извештајот се нагласува дека американските авиони ќе можат да учествуваат во вежби во Медитеранот, пренесе ТАСС.
SAD и Грција разговараат за зајакнување на одбранбените капацитети во областа на островите Родос, Лезбос и Хиос, со американско или НАТО оружје.
Атина е загрижена за потенцијалната закана од Турција и растечките тензии во Егејското Море, каде прашањата поврзани со турско-грчката граница се уште не се решени.