Вашингтон и Пекинг ќе воспостават директни канали за воена комуникација

Сподели со своите пријатели

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, денес изјави дека Вашингтон и Пекинг ќе воспостават директни канали за воена комуникација, додавајќи дека билатералните врски меѓу двете земји „никогаш не биле подобри“.

Хегсет рече дека доцна синоќа, на маргините на регионалниот безбедносен состанок, разговарал со својот кинески колега, адмиралот Донг Џун, и дека во таа прилика се согласиле дека „мирот, стабилноста и добрите односи се најдобриот пат за две големи и силни земји“, пренесува АП.

Тој ги даде забелешките во објава на X, неколку часа откако ги повика земјите од Југоисточна Азија да бидат цврсти и да ги зајакнат своите поморски сили за да се спротивстават на сè „дестабилизирачките“ дејствија на Кина во Јужното Кинеско Море.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ѝ се закани на Нигерија со воена акција ако „убивањето на христијаните“ не престане

„Ние бараме мир. Не бараме конфликт, но мора да се осигураме дека Кина не сака да ве доминира вас или некој друг“, рече Хегсет во саботата.

 

 

Јужното Кинеско Море останува едно од најнестабилните жаришта во Азија, бидејќи официјален Пекинг полага право на речиси целиот регион, а членките на АСЕАН, Филипините, Виетнам, Малезија и Брунеи, исто така полагаат право на крајбрежни области и објекти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Конгрес го покани принцот Ендру да сведочи во истрагата за случајот Епштајн

Хегсет рече дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и дека се согласиле дека „односите меѓу САД и Кина никогаш не биле подобри“.