Откако палестинскиот претседател му ја додели задачата да формира нова влада, Белата куќа го поздрави именувањето на новиот палестински премиер Мохамед Мустафа и го повика да формира влада која ќе работи на спроведување „длабоки и кредибилни реформи“.
Портпаролката на Советот за национална безбедност на САД, Адриен Вотсон, во изјавата рече:
„Повикуваме да се формира реформска влада што е можно поскоро“ и нагласи дека „Соединетите Американски Држави со нетрпение очекуваат оваа нова влада да може да спроведе кредибилни и длабоки реформи“.
Портпаролката рече дека реформата на палестинската управа е неопходна за да се создадат неопходните услови за стабилност на Западниот Брег и Појасот Газа.
Три недели откако премиерот Мохамад Штајех поднесе оставка, палестинскиот претседател Махмуд Абас го задолжи економистот Мохамад Мустафа да формира нова палестинска влада.
Реконструкција на појасот Газа
Палестинската новинска агенција го објави текстот на претседателскиот декрет за назначување на Мустафа (69 години), претседател на Одборот на директори на Палестинскиот инвестициски фонд, за формирање на 19-та палестинска влада.
Задачите на новиот премиер во текстот на указот се: координација на напорите за обнова на Појасот Газа, обединување на палестинските институции, продолжување на реформите кон систем заснован на транспарентност и борба против корупцијата, подготовка за одржување законодавна и претседателска избори во сите палестински провинции, вклучувајќи го и окупираниот Ерусалим.
Новоизбраниот премиер работеше петнаесет години во Светската банка во Вашингтон и имаше одредени функции во институциите на палестинската управа, од кои најистакната е функцијата претседател на Управниот одбор на Палестинскиот инвестициски фонд.
Мохамед Мустафа е политички независен. Беше вицепремиер и министер за економија во Владата на национално единство, која беше формирана во 2014 година.
Таа функција ја извршуваше една година.
Тој е член на Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација.