Вандализирано шеталиштето пред градските базени во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Шеталиштето пред градските базени во Куманово кое е направено пред неколку месеци и кое се очекува да биде „Парк на пријателите“ со фонтана и обележја за најзаслужните граѓани и компании на градот, е вандализирано.

 

 

Графити се испишани на ѕидовите околу шеталиштето и ова е само еден во низата случаи на вандализам низ градот. Пред само недела дена беше вандализиран споменикот на Тито, а претходно беше искршена урбана опрема.

 

 

Полицијата засега нема откриено ниту еден сторител, освен кумановецот кој го исчкрта споменикот на Јосип Броз Тито, а кај нив се пријави сам.

 

 

 

 

фото: Николај Павловски

Leave a Reply